речник контакт

Што го вцрвенува окото при пливањето во базен?

Доколку се чудевте на знаците во јавните базени на кои забранува мокрењето во водата, отсега ќе ги сфаќате посериозно

Петар Печков

Годишниот извештај за здраво пливање објавен од Центарот за контрола на болести во САД покажува дека поголемиот дел од базените во земјата се полни со мокрача.

Научниците велат дека ова е причината за вцрвенување на очите за време и по пливањето. 

Многумина мислат дека хлоринот, кој се става во базените, е причината за вцрвенување на очите по пливањето. Меѓутоа, вистината е пострашна. Комбинацијата од хемикалиите и урината е она што го предизвикува вцрвенувањето. 

Кога пливаме и се жалиме на вцрвенување на очите, тоа е затоа што пливачите мокреле во водата - вели Мишел Хлавса, директор на програмата за здраво пливање на Центарот за контрола на болести. 

Имено, таа објаснува дека азотот во урината во комбинација со хлоринот формира хлорамин, што може да предизвика вцрвенување на очите. Освен тоа, Хлавса додава дека во чистите базени не се чувствува мирисот на хлорин. Колку е посилна миризбата на хемикалиите во базенот, толку повеќе мокрача има во водата. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »